Оклахома поведе против Клиперси, Вашингтон ја прегази Индијана

Кошаркарите на Оклахома поведоа со 3:2 во победи во полуфиналната серија на Западот, додека Вашингтон со триумф против Индијана избори шести меч на Истокот. Оклахома во трилер успеа во последните четири минути од мечот со ЛА Клиперс да надополни цели 13 поени и да слави со 105-104.

Расел Вестбрук доминираше на мечот со 38 поени и со шест асистенции, пет скока и три украдени топки. Одличен беше и Дурант со 27 поени, 10 скока и пет асистенции.

Вашингтон ја прегази Индијана со 102:79 намалувајќи на 3:2 во победи, во меч каде Марчин Гортат го одигра мечот на кариерата и со 31 поен и 16 скока ги предводеше Визардси до втората победа над Индијана. Одличен беше и Џон Вол со 27 поени.
Најдобар кај Пејсерси беше Дејвид Вест со 17 поени и шест скока, 15 поени уфрли Пол Џорџ, додека останатите три стартери, Хиберт, Хил и Стивенсон заедно постигнаа 16 поени.