Оклахома се изедначи со Портланд и Индијана

Кошаркарите на Оклахома Сити забележаа убедлива победа на гостувањето кај Њуорк и со скор од 23 победи и 5 порази се изедначија со Портланд на врвот во Западната конференција. Ист однос на победи и на порази има и лидерот во Источната конференција Индијана.

Одлична вечер имаше играчот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, кој оствари „трипл дабл“ – 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Вестбрук стана петтиот играч во НБА лигата кој постигнал „трипл дабл“ на Божик, а пред него тоа им успеало на Оскар Робертсон (четири пати), Били Канингам, Џон Хавличек и Леброн Џејмс.Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант со 29 поени. Њујорк настапи без повредените Кармело Ентони и Реј Фелтон.

Резултати: Њујорк – Оклахома Сити 94:123, Лос Анџелес Лејкерс – Мајами 95:101, Голден Стејт – Лос Анџелес Клипрес 105:103, Бруклин – Чикаго 78:95 и Сан Антонио – Хјустон 98:111.
Вечерва играат Кливленд – Атланта, Хјустон – Мемфис, Далас – Сан Антонио и Портланд – ЛА Клиперс.
Пласман Источна конференција: Индијана 23-5 (победи-порази), Мајами 22-6, Атланта 15-13, Шарлот 14-15, Вашингтон 12-13, Детроит 14-16, Торонто 11-15, Бостон 12-17,…
Пласман Западна конференција: Портланд 23-5, Оклахома Сити 23-5, Сан Антонио 22-7, ЛА Клипрес 20-10, Хјустон 19-11, Феникс 17-10, Далас 16-12, Голден Стејт 17-13