Околу 1.000 лица евакуирани од Алепо

Во новата операција за евакуација на населението, Алепо го напуштија околу 1.000 лица, истакнал медицинско официјално лице.

Околу 20 автобуси со луѓе се евакуирани од Алепо пристигнале рано утринава во западниот дел на градот, изјавил Ахмад ел Дбис за Франс Прес кој е шеф на единицата за лекарите и волонтерите и ја координира евакуацијата.

Тој навел дека дошле помеѓу 1.200 и 1.300 лица, а меѓу нив има и жени и деца.

Истовремено околу 500 лица се евакуирани од градовите Фуа и Кефрај. Вчера е прекината операцијата за евакуација од овие две места во момент кога вооружени припадници на ектремистичкото движење нападнаа околу 20 автобуси кои се подготвуваа да го евакуираат населението. Шест автобуси завршија запалени.

avtobusi-zapaleni1