Околу 1.300 косовски функционери осомничени за корупција

За вмешаност во корупција осомничени се околу 1.300 косовски функционери, пишува МИА.

Како што соопшти директорот на косовската антикорупциската агенција, Хасан Претени, меѓу осомничените се наоѓаат лица вршители на значјани функции на различни нивоа во сите инситуции на власта.

– Меѓу осомничените има носители на функции на разлчини нивоа во сите косовски инситуции. Но, според законот, нивните имиња не можеме да ги објавиме, изјави Претени.

Тој додаде дека агенцијата досега немала никакви политички притисоци и оти е одлучна да ја изврши доседно звојата задача, со цел елиминирање на корупцијата во земјата, која бележи високо ниво.