Околу 1.900 лица се убиени во Сирија од почетокот на „Женева-2“

Околу 1.900 лица се убиени во Сирија од почетокот на мировната конференција „Женева-2“, пренесува „АФП“.

Најмалку 498 од убиените лица се цивили. Од нив 431 загинале во борбите меѓу владините сили и бунтовниците, а 40 од глад и недостаток на лекови.

Други 27 цивили се убиени при судири меѓу ривалски џихадистички групи.