Околу 100 повредени пред парламентот на Украина, можни се и жртви (ВИДЕО)

Околу 100 повредени во протести пред парламентот на Украина
Околу 100 повредени во протести пред парламентот на Украина

Околу 100 луѓе, повеќето од нив членови на силите на редот се повредени пред парламентот на Украина, во судирите меѓу полицијата и противниците на проектот за уставна реформа, донесен денеска од пратениците.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјавил дека има информации и за загинати.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека има информации и за загинати.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека има информации и за загинати.

Во протестите пред зградата на парламентот има повеќе од 3.000 демонстранти. Тие почнаа да фрлаат камења кон полицискиот кордон, а еден од нив фрли и граната од која се повредени најмалку 30 луѓе. Меѓу ранетите има и тројца новинари.

Медиумите во Украина наведуваат дека демонстрантите, меѓу кои најактиви се поддржувачите на партијата Слобода, фрлале кон полицијата димни бомби и солзавец. Одекнала и сина детонација од граната.

Во нередите во Украина, како што говорат официјалните информации засега, нема настрадано ниту еден демонстрант, но околу 100 полицајци се ранети, дел од нив се во тешка состојба,  а еден останал без нога.

 Меѓу ранетите има и тројца новинари.
Меѓу ранетите има и тројца новинари.

укр