Околу 120 експонати од османлискиот период изложени во Чифте амам

Околу 120 експонати кои го прикажуваат  животот во османлискиот период од 18-ти, 19-ти и 20 век се претставени на втората изложба „Османлиските културни белези во Македонија“.

Изложбата ја организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје. Беше отворена на 16 февруари и ќе трае до 1 март и е  продолжение на првата истоимена изложба која беше организирана минатата година и го опфати периодот од 16-ти до 19 век.

На изложбата, под кураторство на Даниела Николова од Музеј на Македонија, се претставени текстил, облека, автентични соби, бакар, калај и керамички дела.

Отворањето на изложбата беше збогатено со настап на Македонскиот фолклорен ансамбл и изведба на фрагменти од традиционални македонски и турски песни.

Меѓу големиот број гости присуствуваа претставници од Амбасадата на Турција во Македонија, Министерството за култура, Турската владина агенција за соработка и координација-ТИКА, од општини и од турски компании во земјава.

ФОТО: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.