Околу 13 милијарди германски марки сеуште се во оптек

Поминаа тринаесет години, но Германците неможат да се помират со фактот дека германската марка веќе не постои и дека е заменета со еврото. Како што пишува германскиот весник „Билт“ во оптек и понатаму се околу 12, 9 милијарди марки.

Сеуште постојат околу 169 милиони германски марки во облик на хартиени пари и околу 24 милијарди марки  во форма на монети што сеуште се во оптек.

Нивната вкупна вредност е околу 12, 9 милијарди марки, што би било околу 6, 6 милијарди евра. Голем дел од овие пари се во сопственост на колекционери.