ВИДЕО: Околу 14.000 бегалци пред граничните порти на Македонија

Околу 14.000 бегалци се стационирани на границата на Грција со Македонија и чекаат за влез во земјава.

Протокот на бегалци од Грција во Македонија е строго редуциран од македонските власти, кои за тоа добиваат силна поддршка од Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија, пишува британскиот весник „Гардијан“, пренесува Нетпрес.

Инаку, денеска лидерите на земјите од Европската унија одржуваат итен самит во Брисел, каде се очекува да објават официјално затворање на балканската бегалска рута.