Околу 15 отсто од граѓаните на БиХ живеат во близина на минско поле

Речиси две децении од војната во 90-тите години, 15 проценти од жителите на Босна и Херцеговина живеат во близина на мински полиња, објави сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Во реонот на Добој, Република Српска има дури 477 места каде се уште има мини. Во реонот, која ја дели РС и Федерација БиХ досега загинаа 11 локални жители, а 13 се повредени од мини.

– Недостигот на средства за деминирање не дава оптимизам и тој процес ќе продолжи со децении, пишува „Дневни аваз“.

Јапонската Влада и донира 350.000 евра на БиХ за деминирање и парите ќе бидат наменети за реонот на Добој.

– Процесот на деминирање ќе продолжи 50 или 60 години и ќе чини околу 15,5 милиони евра, изјави шефот на Цивилната заштита во Добој, Милко Видаковиќ.

Кон крајот на војната во 1995 година половина од околината на Добој беше деминирана, но се проценува дека се уште има мини на 15 до 20 проценти од земјиштето во регионот.