Околу 16 илјади малолетници лани користеле социјална заштита

Вкупно 16.087 малолетици користеле социјална заштита во 2015. година, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита бил 39.785, објави Државниот завод за статистика. 

Од правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници, услугите на социјалната заштита учествуваат со 77 отсто. Гледано одделно, по услуги на социјална заштита, правата за социјална парична помош се најмногу застапени со 54,6 отсто, односно со 42,1 отсто од вкупната социјална помош.

Во 2015 година, 28.018 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.

Со истражувањето спроведено во 2015 година, покрај четирите државни установи-домови за возрасни лица, опфатени се и 16 приватни установи-домови за возрасни лица.