среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 49

Околу 2.000 мигранти евакуирани од импровизиран камп во Париз

мигранти

Последни вести

Француските власти денеска во северниот дел на Париз испразнија импровизиран камп во кој во шатори веќе неколку недели живееја околу 2.000 мигранти, пренесува МИА.

Првите мигранти, кои рано утринава беа извадени од кампот, почнаа да се качуваат во автобуси, што ќе ги разнесат во околу 60 центри во реонот на Париз, вклучувајќи ги и празните спортски сали.

Акцијата беше отежната заради турканиците меѓу луѓето, кои одбиваа да се качат во автобусите од страв дека можеби нема да има места за сите.

Голем дел од мигрантите се Авганистанци, Суданци и Еритрејци.

-Треба значително да го зголемиме  прифатот на бегалци на целата територија на Франција затоа што во Париз самите не можеме да се справиме со нив, изјави француската министерка за станбена изградба, Емануел Кос, која на лице место ја следеше евакуацијата.

Според податоците на локалните власти, ова е 23 операција од овој тип, организирана во Париз од јуни 2015 година.

Најчитани вести