Свет

Околу 2.500 руски граѓани се борат за ИД во Сирија

Околу 2.500 руски граѓани се борат за ИД во Сирија

Претседателот на Комисијата за развој на јавната дипломатија при Руската федерација, Елена Сутормина изјави дека околу 2.500 Руси и 7.000 граѓани на други земји од Заедницата на независни држави учествуваат во вооружени судири во Сирија на страната на терористичката организација ИД.

Сутормина истакна дека во претходно соопштените податоци од Националниот антитерористички Комитет, дека во Сирија на старата на џихадистите се борат околу 800 до 1.500 руски државјани, од кои 170 загинале, се за 2014 година.

– Луѓето кои врбуваат борци за ИД се насочуват поконкретно кон далечни села и области, каде што младите немаат перспектива, додаде Сутормина.

ИД е забранета во Русија како терористичка организација.