Околу 200 косовски Албанци се борат во Сирија

Приштинските медиуми пишуваат дека во борбите во Сирија учествувале околу 200 косовски Албанци, кои таму заминале преку Турција. Заменикот на косовскиот премиер и министер за правда Хајредин Кучи изјави за „Коха диторе“ дека моментно се работи на амандманот кој би влегол во Кривичниот закон врзан за оваа состојба.

„Во тек се консултациите со меѓународните партнери за дефинирање на амандманите,“ изјави Кучи.

Бројот на Албанци кои заминале во Сирија е 200, пишува приштинскиот весник повикувајќи се на извор од „косовската тајна служба“. Тој извор тврди дека многу од нив се разочарани, бидејќи гледале дека Муслиманите се убиваат меѓу себе во име на Бога.

„Дојде до паѓање на интересот и недоверба меѓу нив,“ изјавил изворот, а пренесува „Коха диторе.“
Истиот извор наведува дека во четвртокот во градот Алепо во Сирија бил убиен Албанец од Качаник и дека станува збор за чеврт борец кој загинува во војна во Сирија.