Oколу 200 стебла канабис откриени во тетовско

Полицијата од ПС Тетово вчера околу 14 часот на локалниот пат Тетово-село Требош, во нива посадена со компир, во внатрешноста пронашле од 150 до 200 непознати зелени стеблести растенија со висина од 40 до 170 сантиметри за кои постои сомнение дека се „канабис сатива“.

Како што информира МВР, увид извршила увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сопственикот на нивата е непознат.