Околу 32.000 бегалци заглавени во Грција

Два фериботи со околу 650 бегалци и мигранти од грчките острови денеска пристигнаа во Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина.

Во меѓувреме, грчките власти соопштија дека грчко-македонската граница во изминатите 24 часа ја преминале 320 бегалци. Тампон зоната моментално повторно е затворена.

Во Идомени и околината, каде има 10 илјади бегалци и мигранти, условите денеска се особено тешки поради вчерашните обилни врнежи од дожд.

Грчките власти информираа дека во Грција во моментов се заглавени околу 32.000 бегалци и мигранти по одлуката на Австрија и четири земји од поранешна Југославија драстично да го намалат бројот на мигранти кои транзитираат преку нивните територии.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.