Околу 350 милиони евра странски инвестиции за оваа година

Очекувањата се дека Македонија оваа година ќе ја заврши со 350 милиони евра странски инвестиции, а ваквото зголемување во однос на 2013-тата година е резултат на добрата бизнис клима, но и на зголемените јавни капитални инвестиции, истакна денеска министерот за економија, Ваљон Сараќини, по работниот состанок со Советот на странски инвеститори.

„Во 2013-та година странските инвестиции продонесоа да се зголеми узвозот од 760 милиони евра на странските пазари, што е 25 отсто од вкупниот извоз на Македонија односно 25 отсто повеќе од извозот во 2012-та година“, рече Сарачини.

Тој истакна дека од особена важност е што во последните неколку години Македонија почна да извезува производи со додадена вредност.

„Освен зголемувањето на извозот битна е диверзификација на производитеа,  Македонија во изминатите години извезуваше производи од металната, текстилната и хемиската индустрија, а последните години се извезуваат се’ повеќе производи како што се катализатори, автобуси, што покажува дека Македонија, благодарение на странските инвеститори извезува и производи со додадена вредност“, рече Сарачини.

За претседателот на Советот на странски инвеститори, Хуан Педро Хименез, тие е се соочуваат со поголеи проблеми, освен помалите забелешки кои се однесуваат на административните постапки, човечките ресурси и правните прашања.

Одговарајќи на новинарско прашање за третманот на домашните во однос на странските инвеститори, ресорниот министер истакна дека и преку законската регулатива се овозможува подеднаков третман на домашните и инвеститорите од целиот свет, при тоа нагласувајќи дека со новите зелени индустриски зони кои што ќе донесат голем број фискални и други бенефиции за инвеститорите од земјава.

На средбата беше предложено претставници од Министерството за економија да бидат дел од работата на работните групи кои се дел од Советот на странски инвеститори, а одговарајќи на прашање на компаниите за моменталните состојби на пазарот на трудот во кој се забележува суфицит на економисти и правници, а дефицит на технички кадри.

Водечкиот принцип на оваа Стратегија е зголемувањето на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, постигнувањето на повисока стапка на вработеност, подигање на животниот стандард и квалитетот на живот и европска перспектива за земјите од ЈИЕ, преку стимулирање на клучните долгорочни двигатели на растот, како што иновации, вештини и интеграција на трговијата.

Имено, меѓу целите на земјите од ЈИЕ, преку спроведување на реформи за интегриран, паметен, одржлив и инклузивен раст, поткрепен со доброто управување се: зголемување на просечниот БДП по глава на жител во однос на просекот на ЕУ од 36,4  на 44 отсто во 2020 година; зголемување на вкупната трговска соработка со стоки и услуги во овие земји од 94,4 на 209,5 милијарди евра во 2020 година, како и креирање на 1 милион нови работни места во регионот.