Околу 400 тела на жртви најдени во Сиера Леоне по поплавите

Околу 400 тела на загинати во вторникот се најдени во Фритаун, главниот град на африканската земја Сиреа Леоне по поплавите и лизгањето на земјиштето, соопшти претставникот на судската медицина.

Претходно беше објавено дека по големите поплави во Сиера Леоне како исчезнати се водат 600 лица, а во градската мртовечница се доставени повеќе од 350 тела, од кои 100 се детски. Како резултат на свлечиштата и одроните, исто така, блокирани се жителите на околу илјада домови.

Шефот на судската медицина во Фритаун, Сене Димбуја, за Reuters изјавил дека според неговите процени, во текот на операциите за спасување и извлекување ќе бидат извлечени најмалку 500 тела на жртви.

Засега владата на Сиера Леоне, која формираше оперативен кризен штаб во врска со природната стихија, сѐ уште не може да направи конечна процена на нанесените штети. а

Во помош на погоденото население и справување со последиците од невремето ангажирани се припадници на службите за реакција на вонредни ситуации, припадници на Црвениот крст, полицијата и вооружените сили. Исто така, во тек е евакуација на населението од потенцијално загрозените подрачја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.