Околу 450 локации за нови куќи ќе се обезбедат во Велес

Оваа населба планирано е да опфати околу 42 хектари со 330 маркици за изградба на индивидуални станбени објекти. Урбанистичката документација е во заврша фаза и се очекува наскоро со согласност од Министерството за транспорт и врски, општината да ја донесе во финална верзија.

При денешната посета на селото Чалошево, пратеникот Илија Димовски информираше за текот на проектот „Купи куќа за млади“, активностите поврзани со него и значењето на истиот.

veles-2

-Овој проект за нас е од стратешко значење. Заради тоа што на тој начин ќе обезбедиме можност многу наши сограѓани кои имаат потреба да изградат индивидуални станбени објекти да имаат каде. Сите оние кои што ги исполнуваат условит на проектот „Купи куќа за млади”, ќе можат да аплицираат и да добијат огромна субвенција од државата – рече пратеникот Илија Димовски.

Дополнително, во завршна фаза е проектирањето на урбанистичка документација на уште една локација каде земјиштето е во државна сопственост. Истата се наоѓа во областа „Костурница”.

veles-3

-Oд стрна на градоначалникот бев информиран дека оваа населба е со површина од 11 хектари наменети за изградба на 120 индивидуални станбени објекти. Заинтересираните ќе имаат можност и да купат нови плацови кои ќе бидат ставени за продажба од страна на општината. Населбата ќе биде типска, односно граѓаните ќе можат да ги искористат и бесплатните проекти од страна на државата. Сето ова значи, дека Општина Велес и Владата на Република Македонија интензивно работат на реализација на проектот „Купу куќа за млади”. Со овие два проекти ќе се обезбедат околу 450 локации за изградба на нови куќи, и истите се во насока на стратешкото планирање за проширувањето на градот – рече Димовски.

Општина Велес во соработка со институциите од цетнралната власт, кои се непосредно вклучени во реализацијата на овој проект, целосно ќе биде ставени во функција максимално да им излезат во пресрет на сите заинтересирани апликанти во подготовката на потребната документација за аплицирање и добивање на средствата неопходни за реализацијата на овој проект.

veles-1

Инаку проектот ,,Купи куќа за млади” уште на самиот почеток од неговата реализација се покажа како доста интересен и примамлив кај граѓаните. Истиот нуди избор на еден од двата модели со кои Владата преку неповратни средства помага да се отплаќа ратата или го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа.