Околу 5.000 бегалци чекаат на Идомени за влез во Македонија

Околу 5.000 бегалци на граничниот премин Идомени чекаат за влез во Македонија.

Во кампот за привремен престој на граничниот премин Идомени чекаат 1.900 бегалци, кои се сместени во шатори и во автобуси, а други 3.400 бегалци се пред бензиската пумпа во регионот, откако биле довезени со 69 автобуси.

Продолжува бранот бегалци кон неутралната зона меѓу Грција и Македнонија во реонот на граничниот премин Идомени, откаде во последните 24 часа поминале две илјади лица, соопшти грчката полиција, пренесува МИА.

Грчката полиција претпоставува дека во следните 24 часа ќе се зголеми бројот на бегалци на граничниот премин Идомени, откако ќе заврши штрајкот на грчките морнари.

Поради штрајкот на морнарите во последните два дена не се превезуваа бегалците.