Околу 50.000 резервации дневно се откажуваат во Грција

Околу 50.000 туристички резервации дневно се откажуваат во Грција

По околу 50.000 откажувања на резервации добиваат дневно од понеделникот членките на грчкото Здружение на туристички работници.

Откажаните резервации се за „во последен момент“ кои чинат околу 20 отсто од вкупните во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, објави атинското „Радио Скај“.

Грчките медиуми како „драматични“ ги опишуваат последиците за економијата со затворањето на банките и ограниченото располагање со пари, воведено во понеделникот за да се запре масовното повлекување штедни влогови во страв од банкрот на државата.

Грција технички во банкрот, Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа
Грција технички во банкрот, Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа

Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.