среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 15

Околу 500 пријави на штети од земјотресите во Скопје

Штетите на објектите во ЦУК може да се пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195. Ако граѓаните не можат да добијат слободна линија од Центарот апелираат да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на mail@cuk.gov.mk.

cuk-640x294

Последни вести

Околу 500 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион, што почнаа од завчера изутрината, се регистрирани досега во Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК информираат дека по последните два последователни земјотреса  регистрирани синоќа во 19:53 часот, со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, освен привремени прекини на снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на градот, не се пријавени позначителни штети.

Штетите на објектите во ЦУК може да се пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195. Ако граѓаните не можат да добијат слободна линија  од Центарот апелираат да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на mail@cuk.gov.mk.

Согласно препораките од Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и претставници од скопските општини на терен вршат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети.

Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .

Скопје и околината во изминатите два дена беа погодени од серија земјотреси од кои насилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.

Најчитани вести