Околу 65 проценти од произведената струја е домашни извори

Во Македонија во март годинава се потрошени 664.441 мегаватчасови електрична енергија, 13.557 мил. нм3 природен гас, 452.343 тони јаглен и 84.320 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 65,3 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. За производство на електрична енергија се употребени 96,3 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.