Околу 7.000 бегалци чекаат влез во Македонија

Околу 7.000 бегалци чекаат влез во Македонија
Околу 7.000 бегалци чекаат влез во Македонија

Во кампот во Идомени на грчко-македонската граница моментно има околу седум илјади бегалци и мигранти, соопштија грчките гласти, јави дописникот на МИА од Атина.

Локалните медиуми информираат дека Македонија денеска повторно ја затворила границата, откако доцна синоќа пропуштила 300 бегалци. Границата повторно била затворена во четири часот изутринава.

Во текот на изминатиот викенд во Идомени пристигнале повеќе бегалци и мигранти од сите делови на Грција.

Во Пиреја, пак, денеска пристигна ферибот со 1.810 мигранти и бегалци од Хиос и Митилена. Пристанишните власти понудиле четири чекални за патници и еден магацин за сместување на бегалците.

Во Пиреја денеска се очекува уште еден ферибот со 183 бегалци и мигранти од островот Лерос.