Околу 70.000 граѓани од Косово бараат азил

Околу 70.000 граѓани од Косово побарале азил во ЕУ, објавил денеска приштинскиот весник „Зери“ со оценка дека тоа е „рак“ за либерализациј на визниот режим на Косово, пренесоа медиумите од регинот.

„Неможноста да се оезбеди социјална сигурност на Косово поттикнува илјадници Косовари да бараат различни начини на заминат од земјата во некоја од земјите членки на ЕУ, во надеж дека ќе им биде одобрен престој во тие земји“, пишува косовскиот весник.

Според мислењето на експертите за интеграција, тоа би требало да биде загрижувачки за косовските институции, бидејќи според нивното мислење може негативно да влиијае на процесот на либерализација на визниот режим на Косово, пишува „b92“.