среда, 11 јануари 2017  |  Вести денес: 18

Околу 70 камиони заглавени на Евзони, чекаат влез во Грција

Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата.

евзони

Поврзани вести

Како што соопшти МВР, утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на Полициската станица на граничниот премин Богородица  со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот.

– Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР.

Најчитани вести