Околу 700 илегални имигранти пристигнаа во Италија

Десетици службени возила ги прифатија имигрантите  откако утрово пристигнаа во пристаниште на југоисток во Италија.

Претходно беше соопштено дека Грција испратила воен брод, хеликоптер и чамец од Крајбрежната стража за проверка на информации по сигнал за помош од бродот во кој наводно, имало меѓу 400 и 600 имигранти како и вооружени луѓе. Испекцијата не открила никаков проблем.

Според непотврдени информации бродот пред две недели испловил од Турција.

Би-Би-Си јави дека на сателитска снимка се гледа оти бродот остро свртел и се упатил во јужна Италија, а претходно пловел кон хрватското пристаниште во Риека.

Италијанските власти спасија 2.300 луѓе од бродови за време на Божиќните празници, со што бројот на регистрирани имигранти од држави во северна Африка на италијанско тло оваа година ја надмина цифрата од 170.000.