Оксфорд: Работното време не треба да почнува пред 10 часот

Докторот Пол Кели од Универзитетот во Оксфорд вели дека работното време не треба да почнува пред 10 часот, бидејќи вработените ќе бидат контрапродуктивни, уморни, подложни на болести и ќе се најдат под стрес.

Според него, биоритмот на возрасните лица пред 55 години не е синхронизиран со вообичаено работно време од 9 до 17 часот, што претставува закна по нивната ефикасност, расположение и менталното здравје.

Тој е уверен дека е дојдено време за промени на работното време и одржување на наставата во училиштата да се прилагоди на билошкиот часовник на поголемиот број луѓе.

Неговите тврдења ги потврдуваат и голем број експерименти, според кои, просечен десетгодишник неможе да се  фокусира на наставата пред 8:30 часот, а 16-годишниците пред 10 часот. На студентите, пак, им е потребно уште еден час плус за да бидат ефективни.

Кели верува дека поместувањето на наставата за подоцно ќе ги зголеми оценките за десет отсто, а неговата теорија и ја тестирал. Кога директор на едно средно училиште го помести почетокот на наставата од 8:30 на 10 часот, а оцените на учениците се зголемиле за 19 отсто.

Професорот тврди дека компаниите кои ги тераат вработените што порано да почнат со работа, им штетат на нивната продуктивност и придонесуваат за појавата на здравствени проблеми.

– Ова е голем општествен проблем, работниците би требало да почнат да работат во 10 часот, во спротивно не се доволно наспани и полека се оди кон измореното општество и им штетиме на своите тела, изјави Кели за „Дејли Мејл“.