Македонија

ОКТА: Државата дозволува увоз на неквалитетен мазут

ОКТА: Државата дозволува увоз на неквалитетен мазут

Државата дозволува увоз на мазут од Србија кој не ги исполнува стандардите за квалитет, алармираат од ОКТА. Компанијата ова го открила пред еден месец, откако дошла до сертификатот кој покажува дека мазутот на рафинеријата од Панчево има кинематичка вискозност над дозволените граници, и за проблемот ги известила Царината и Државниот пазарен инспекторат.

Иако во петокот минатата недела цистерните биле запрени и биле земени мостри, и акредитирана лабараторија од земјава потврдила дека мазут е под стандардите, институциите не издале забрана за увоз.
Инаку од „Окта“ тврдат дека резултатите од акредитираната лабораторија покажале дека во мазутот од Панчево имало кинематичка вискозност од 32,7, а стандардот во Македонија е да биде помала од 28 единици.

Дури денеска добивме одговор и од Државниот пазарен инспекторат во кој се вели дека испитувањето на примерокот е во тек. Ова покажува дека државните механизми во земјава не се во состојба да ги спречат дури ни оние производи за кои е докажано дека се надвор од стандардите. Имаме впечаток дека имунитетниот систем на земјава е слаб, државните институции се некоординирани, а некој ја користи оваа ситуација. Бараме од нив да преземат мерки за да се надмине овој проблем, велат од ОКТА.

Мазутот од Србија го користи кавадаречки ФЕНИ фени, а претходно го набавувал од ОКТА.

Од рафинеријата сметаат дека Царината и Пазарниот инспекторат треба да се единствени во примената на Правилникот за квалитет на течните горива, а не меѓу себе да си ја префрлаат топката, во спротивно се создава нелојална конкуренција.