Македонија,Економија

ОКТА ќе обучува 11 нови студенти

ОКТА ќе обучува 11 нови студенти

Нови 11 студенти во наредните три месеци ќе ги усовршуваат своите знаења нис производните погони на  на компанијата ОКТА.  Дел од првите практиканти во ОКТА ја продолжат својата професионална обука во компанијата.

„ Практикантската програма е исклучително корисна за двете страни, а искуствата секогаш се позитивни. Студентите што ја поминаа програмата сега поседуваат нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да започнат сопствени професионални кариери, а ОКТА наиде на исклучително едуцирани студенти со потенцијал што одговара на потребите на компанијата – изјави Радојка Х. Денковска, од ОКТА.

Целта на оваа програма е да им овозможи на студентите да научат за практична примена на стекнатите знаење и искуство со кое ќе станат поконкурентни на пазарот на труд.

„За време на тримесечното искуство во ОКТА ми беше дадена можност да бидам инволвирана и да работам на многу тековни процеси, за кои дотогаш имав само теоретско познавање. На тој начин добив целосна претстава за функционирањето на една вака голема компанија. Сигурна сум дека ова искуство многу ќе ми користи за понатамошниот развој на мојата лична кариера“, вели практикантот, Моника Улер Зефиќ.

Програма се одвива во тримесечни циклуси,a изборот на студентите е од 8 факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на ОКТА, и тоа од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и од Универзитетот Американ Колеџ.