Октомври бил најкрвавиот месец во Мексико последните 20 години

Октомври 2017 година бил најкрвавиот месец во последните дваесет години во Мексико, со 2.764 убиства, покажува официјалната статистика објавена во вторникот.

Вкупно 23.968 луѓе се убиени во Мексико меѓу јануари и октомври оваа 2017 година. Во 2011 година, којашто досега била најсвирепата, вкупната броја изнесувала 22.852 убиства.

Оваа статистика предвид не ги зема лицата коишто се водат како исчезнати. Најмногу насилства и убиства се регистрирани при пресметките меѓу ривалските наркокартели и бандите.