Окупирана базата за противракетна одбрана на Крим

Група вооружени луѓе, за кои се претпоставува дека се Руси, ја зазела украинската база за противракетна одбрана во Севастопол.

Локалните медиуми информираат дека напаѓачите со камион ја пробиле оградата од базата, но новинар на агенцијата „Ројтерс“ не забележал никакво оштетување на оградата.

Претставникот на руската војска, Владислав Селезњов, рекол дека вооржените напаѓачи ја зазеле базата без ниту еден испукан куршум и дека во таа акција нема ниту повредени, ниту жртви.

Друг, пак, украински претставник рекол дека тој има улога на преговарач меѓу украинската војска и вооружените сили во базата.

Како што јавува Би- Би- Си, во моментот на нападот, во базата имало околу 100 војници.