Свет

Оланд и Камерон ја посетија салата Батаклан во Париз

Оланд и Камерон ја посетија салата Батаклан во Париз

Оланд и Камерон ја посетија салата Батаклан во Париз. Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Франција Франсоа Оланд денес ја посетија концертната сала Батаклан во Париз, каде на 13-ти ноември џихадистите убија 90 лица.

Камерон на својот налог на Твитер напиша дека во салата стоел „рамо до рамо“ со Оланд, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АФП.

Утрово се наоѓам во Париз за да се сретнам со претседателот Оланд и да и’ одадам почит на храброста на народот на Франција по неодамнените терористички напади, напиша Камерон.

Меѓу загинатите во Батаклан имаше и еден Британец.

Инаку, Камерон и Оланд подоцна ќе разговараат за соработката и борбата против Исламска држава. Официјален Париз предлаза зајакнување на меѓународната коалиција против џихадистите.

Како изгледаше салата Батаклан непосредно по нападите, погледнете на следниот линк.