Свет

Оланд и Меркел побараа да се почитува договорот од Минск

Оланд и Меркел побараа да се почитува договорот од Минск

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз имаше средба со германскиот канцелар Ангела Меркел фокусирана на борбата против тероризмот, ситуацијата во Африка, конференцијата за климата, пренесе МИА.

Во однос на Украина, Оланд нагласи дека тие постојано биле во контакт по договорот во Миниск.

– Ние сме убедени дека треба да се почитуваат договорите од Минск. Сите договори, започнувајќи од целосното почитување на прекинот на огнот, потоа повлекување на тешкото оружје и ослободувањето на затворениците, нагласи Оланд.

Ангела Меркел од своја страна нагласи дека е потребно да се почитуваат договорите од Минск, за да се избегне крвопролевањето.

На прашањето за наводно навлегување на руски оклопни возила во Украина, Оланд одговори дека нема знаење дека влегле руски тенкови во Украина, но тоа не значи дека нема, но за тоа нема потврда.

– Нашето внимание е насочено кон тоа да се вратиме на почитување на  прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото оружје, наведе Меркел.

За грчката криза, Оланд потсети дека за неа се одржува состанок попладнево притоа Грција треба, „да ги почитува на обврските, но и да се слушне гласањето на Грците.“

Според германската канцеларка „ прашањето кое се поставува сега  е продолжување на програмата за помош на Грција.

– Треба да им се каже на другите клуѓе во другите земји дека постојат голем број на технички прашања, и министрите за финансии кои ќе разговараат за тоа во детали“

– Откако има програма за помош на Грција, политиката на Германија и на сите други земји од еврозоната е да се борат Грција остане во еврозоната. Грција направи големи жртви, ситуацијата е тешка на пазарот на трудот, но има резултати и ние ќе продолжиме со напорите,  рече Меркел.

Францускиот претседател  рече дека не знае за сценарио за илзгегување на Грција од еврозоната, што не е ни намера на грчката влада.

Меркел од своја страна нагалси дека оваа средба била искористена и за подготвките на престојниот самит на Г7 и идниот француско германски министерски состанок