Оланд и Обама: Партнерството меѓу Франција и САД е модел за меѓународна соработка

Францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот американски колега Барак Обама, изјавија дека нивните земји имаат се потесно партнерство, што е модел за меѓународна соработка, пренесе„АФП“.

Во заедничката изјава двајцата шефови на држави го поздравија постојаното се’ поизразено партнерство помеѓу Франција и САД. Оланд и Обама истакнаа дека над двевековните односи меѓу двете земји се пример за меѓународна соработка.

Изјавата на Обама и Оланд е наречена „ трансформира унија“ и е објавена во весниците „Монд“ и „Вашингтон пост“.