Свет

Оланд ќе вечера два пати, еднаш со Путин еднаш со Обама

Оланд ќе вечера два пати, еднаш со Путин еднаш со Обама

Францускиот претседател вечерва во Париз ќе има две одвоени вечери, едната со американскиот претседател Обама, а втората со рускиот претседател Владимир Путин.

Прво, вечерва во 19 часот Барак Обама ќе биде примен во еден париски ресторан. Според Елисејската палата, на „менито“ ќе се најдат ситуацијата во Украина, Сирија, Африка борбата против тероризмот и се разбира случајот со француската банка БНП Париба на која американските судови ризикуваат да изречат казна од 10 милијарди долари.

Следната вечера е во 21 часот меѓу Франсоа Оланд и Владимир Путин, а на „менито“ ќе биде кризата во Украина и односите меѓу Русија и Европската Унија.

Путин и Обама ќе се сретнат само на утрешниот свечен ручек во замокот Беновил во Нормадија, а потоа и на комеморацијата на седумдесет годишнината од Денот Д во Оуистрехам во Калвадос- Нормандија.