Оланд: НАТО треба привремено да престане со проширување

Францускиот претседател Франсоа Оланд се изјасни за привремен прекин на проширувањето на НАТО, пишува весникот „Фигаро“.

Изјавата на Оланд е за време на вчерашната заедничка прес конференција во Париз со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Оланд изјави дека во моментот НАТО треба да заземе став на одбивање на прием во Алијансата на оние земји, што ќе изразат желба за членство, додавајќи дека проширувањето моментално не е на дневен ред на НАТО.