Оланд: Од ставот на Москва зависи испораката

Француската одлуката за испораката на вториот воен брод на Русија ќе зависи од ставот на Москва кон кризата во Украина, изјавил во понеделникот францускиот претседател Франсоа Оланд, кој се нашол под притисок на САД и Велика Британија заради продажбата на носачот на хеликоптери Мистрал на Русија.

Оланд на вечера со новинарите најавил дека првиот носач на хеликоптери ќе и биде испорачан на Русија во октомври, како што е планирано, и покрај противењата на француските соработници, бидејќи досега не е одлучено за нивото на санкции кои би ја спречиле испораката.

„Дали тоа значи дека и остатокот од договорот, вториот Мистрал, ќе биде испорачан? Тоа зависи од стојалиштето на Русија.“, додал Оланд.

За откажување на другиот брод, ЕУ санкциите мораат да бидат договорени на ниво на шефови на држави и Влади, изјавил претседателот на француската влада Оланд.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неименуван претставник на американската администрација минатите денови се спротивставија на продажбата на Мистралот на Русија, но Камерон тврдел дека за Британија тоа би било незамисливо после рушењето на малезискиот авион.