Оланд: Одговорот на САД на 11 септември ја зголеми терористичката закана

Одговорот на САД на нападите изведени на американската територии на 11 септември 2001 година ја зголеми, а не ја отстрани, терористичката закана. Последиците од војната во Ирак кои денес се чувствуваат и во Франција која е преплашена од терор, оцени синоќа францускиот претседател Франсоа Оланд. 

Тој на својот Фејсбук профил им оддаде почит на жртвите на терористичките напади изведени во САД пред точно 15 години, повторувајќи го насловот кој парискиот „Монд“ го објави на насловната страница по нападите во САД: „Да, тој ден сите бевме Американци“.

Меѓутоа францускиот претседател, чија земја се најде на удар на низа екстремистички напади во изминатите година ипол, синоќа остро го критикуваше одговорот на САД.

– Одговорот кој американската администрација го даде на овие напади, далеку од тоа дека ја искорени заканата, тука ја прошири на другите области, односно во Ирак, напиша Оланд.

Тој додаде дека иако Франција, со посредување на поранешниот претседател Жак Ширак, исправно одби да се придружи на интервенцијата во Ирак која ја осуди, „сепак беше жртва на последиците од предизвиканиот хаос“.