Свет

Оланд повика на национално единство

Оланд повика на национално единство

Францускиот претседател Франсоа Оланд од седиштетот на Министерството за внатрешни работи, каде се одржуваше кризен состанок на префектите на Франција, уште еднаш повика на „национално единство”, истакнувајќи дека „сите граѓани може да одат и да учествуваат на манифестациите“ планирани идната недела во знак на сеќавање на жртвите од нападот врз Шарли Ебдо, јави дописникот на МИА од Париз.

– Сите граѓани можат да дојдат, не постојат контроли, рече шефот на државата пред префектите кои беа свикани во Министерството за внатрешни работи, каде што отиде пеш од Елисејската палата. Во таа прилика тој направи и преглед на тековните операции кои се водат на 40 километри од Париз за да се неутрализираат извршителите на убиството.

– Тоа е исто убедување, истата одлучност која треба да донесе многу наши граѓани, без сомнение, да бидат присутни во недела, рече Франсоа Оланд.

– Политичките сили, синдикалните сили повикаа да се демонстрира, тоа е нивна одговорност, но граѓаните се тие кои одлучуваат, тој понатаму, истакна во алузија на контроверзноста околу присуството на оваа манифестација на Националниот Фронт, откако ја прими претседателката на Националниот Фронт Марин Ле Пен во Елисејската палата.

– Повикувам на национално единство, рече шефот на државата, продолжувајќи „национално единство не е исчезнувањето на различноста на мислења, верувања во нашата земја, национално единство не е униформираност“, туку „почитување на она што сме“.

– Треба да има силна држава, силна држава, држава која ги почитува слободите и правата, но која ја гарантира безбедноста на нашите граѓани, продолжи тој.

– Уверете го населението, да му се каже дека тоа живее во држава во која владее законот, и со желба да бидат заедно, да ги одбијат наддавањата, стигматизирањето, вознемирувачките карикатури, за да сите наши граѓани можат да бидат заедно во Републиката, додаде тој.

Веднаш по оваа интервенција, шефот на државата го посети на неколку минути кризниот штаб во придружба на премиерот Мануел Валс, и министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, по што повторно се врати пеш во Елисејската палата.