Оланд: Ризик од ескалација на судирите по интервенцијата на Турција во Сирија

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека „противречната интервенција“ на турските и руските сили во Сирија може да доведе до ескалација на судирот, јавија француските медиуми.

– Овие повеќратни, контрадикторни интервенции со себе ја носат опасноста од ширење на судирот, рече Оланд на состанокот со дипломатскиот кор во Франција.

Францускиот претседател, исто така, повика на „апсолутно итен“ прекин на борбите откако Турција во Сирија ја нападна курдската милиција која е подржана од САД, наведуваат француските медиуми.