Свет

Оланд се соочува со нов пад на популарноста

Оланд се соочува со нов пад на популарноста

Популарноста на францускиот претседател, Франсоа Оланд, паднала само на 18 отсто, што е најниско од моментот кога дошол на власт и далеку помалку во однос на рејтингот на новиот премиер Мануел Валс, кој според најновите анкети има поддршка од дури 58 отсто од граѓањите.

Рејтингот на Оланд, најмалку популарниот претседател ан Франција во последните неколку децении, паднал за пет поени и за прв пат од неговиот мандат во 2012-та не надминува 20 отсто.

За разлика од него, Валс, кој на премиерската функција дојде минатиот месец, најпопуларен е премиерот на почетокот на мандатото, покажала анкетата на институтот „Ифоп“, објавена во неделникот „Журнал ди диманш“.