Македонија

Оланд со честитка до Иванов: Франција е на ваша страна

Оланд со честитка до Иванов: Франција е на ваша страна

Францускиот претседател Франсоа Оланд упати честитка по повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Тој во честитката му посакува успех на Иванов во извршувањето на највисоката функција во Република Македонија во интерес на земјата и нејзината европска перспектива.

– Бидете убеден дека Франција е на ваша страна за да ви помогне во таа задача. Сакам да ви ја потврдам и мојата желба за продолжување на продлабочувањето на пријателските односи кои ги поврзуваат нашите земји, во духот на дијалогот кој го отпочнавме минатато лето во Брдо, се вели во честитката на францускиот претседател Оланд.

Претседателот Оланд воедно ја нагласил и поддршката која Франција ја дава и ќе продолжи да ја дава на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ.