Свет

Оланд: Трирвелер е подобро, фала на прашање

Оланд: Трирвелер е подобро, фала на прашање

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој е во посета на Холан дија, рекол дека неговата партнерка Валери Трирвелер е подобро и се одмора во претседателската резиденција.

Таа беше една недела во болница по обелоденување на информациите во медиумите дека Оланд е во љубовна врска со актерката Жили Гаје.

На заедничка конференција за новинари со холанскиот премиер Марк Рут во Хаг, Оланд секако добил прашање за Трирвелер.

Францускиот претседател се заблагодарил на прашање и одговорил „Валери Трирвелер е подобро се одмора и момнтално е во претседателската резиденција во Версај“.