Оланд во недела ќе се сретне со Меркел

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд изјави денеска дека во недела во Стразбур ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и во рамки на средбата ќе разговара за иднината на Европа.

Како што пишува Ал Џезира, состанокот ќе се одржи на барање на претседателот на ЕП Мартин Шулц.

На состанокот исто така ќе стане збор за економските теми, но и за украинската криза, за која многу повеќе ќе се дискутира на состанокот во Астана на 15-ти јануари.

Оланд денеска изрази уверување дека ќе биде остварен напредок во решавањето на украинската криза со оценка дека би требало да бидат укинати санкциите кон Русија доколку има напредок.

-Треба да се укинат санкциите кон Русија ако има напредок, ако нема, санциите остануваат, изјавил тој.

На состанокот во Астана ќе присуствуваат претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, како и Оланд и Меркел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.