Оланд во посета на Москва

Францускиот претседател Франсоа Оланд ќе ја посети денеска Москва, каде ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин за украинската криза.

Посетата на Оланд на Москва не била планирана.

Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател ќе допатува во Москва по враќањето од дводневната посета на Казахстан.