Олд Трафорд не е дел од иднината на Немања Видиќ

Се’ што е убаво има крај, па дури и успешната кариера на српскиот интернационалец во дресот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ.

Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи” потврди дека ќе си замине од „Олд Трафорд” на крајот од актуелната сезона, но вети дека нема да игра за некој друг клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига.

„Ја одработувам последната година од мојот договор. Осум прекрасни години го носам дресот на Манчестер Јунајтед и овие осум години ќе ги дефинирам како најдобри во мојата фудбалска кариера. Не ни може да замислам дека во изминатите осум години ќе освојам 15 трофеии во дресот на Манчестер Јунајтед. Никогаш нема да ја заборавам таа фантастична ноќ во Москва, кога славевме во финалниот натпревар од Лигата на шампиони. Мојата одлука е конечна, ќе си заминам од “Олд Трафорд” на крајот од актуелната сезона. Имам потреба од нов предизвик. Добив неколку пониди, но можам да ветам дека нема да останам во Англија. Ќе ја прифатам таа понуда која мене и на мојата фамилија најмногу ни одговара”, изјави Видиќ.