Македонија

Олеснети процедури за плаќање на данокот за добивките во кладилниците

Олеснети процедури за плаќање на данокот за добивките во кладилниците

Се олеснуваат процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувалниците. Владата прифати дел од барањата на Орагнизацијата на обложувалниците,пишува економски.мк

Наместо на вкупната сума која спортската обложувалница треба да ја исплати, данок ќе се пресметува и плаќа само на сумата на чистата остварена добивка, односно на разликата меѓу сумата која треба да се исплати и уплатената сума.

На пример, ако уплатата изнесува 500 денари, а сумата која треба да се исплати изнесува 1000 денари, данокот ќе се пресметува и плаќа само на сумата од 500 денари која претставува чиста добивка, а не на 1000 денари како што предвидуваше законот претходно. Тоа значи дека данокот во овој случај ќе изнесува 50, наместо сегашните 100 денари.

Измени ќе има и во делот на пријавувањето на данокот. Граѓаните веќе нема да добиваат потврди од обложувалниците за секоја добивка и нема да имаат обврска тие да ги чуваат и да поднесуваат годишна даночна пријава. Наместо тоа, обложувалницата ќе го одбива данокот од исплатата и ќе го уплаќа и ќе доставува извештај до УЈП.

„Ќе се редуцираат административните процедури. Играчите нема да треба да доставуваат ГДП, а обложувалниците нема да треба да издаваат потврда за секоја добивка туку ќе ги евидентираат добитниците во посебен формулар кој ќе го доставуваат до УЈП еднаш во текот на месецот“, објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Измените се прават по реакцијата на Организацијата на приредувачи на игри на среќа во спортските обложувалници. Тие реагираа и на обемната администативните процедури односно на обрвската да издаваат потрвди за секоја добивка.

„Одлучивме да прифатиме дел од забелешките со што ќе го надополниме системот, а законот ќе биде од интерес и за обложувалниците и за играчите“, вели Ѓоргиев.