Олеснување на казнената политика за матичните лекари

Олеснување на казнената политика за матичните лекари. Наместо казни за технички грешки матичните лекари ќе добиваат опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна.

Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка, според ФЗОМ е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Оттаку велат дека опомената ќе замени голем дел на казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме ќе се зајакне партнерската улога со лекарите.

Во 2015 година склучени се вкупно договори со 1.528 лекари во примарната здравствена заштита за општа медицина, и со 1162 стоматолози. Финансиските средства кои ги издвојува Фондот во 2015 година за трите дејности, општа медицина, стоматологија и гинекологија изнесува 2 милијарди и 600 денари. Со приватните здравствени установи Фондот има склучено 5 годишен договор во 2014-2018 година кој ги регулира правата и обврските на двете страни. Фондот за здравствено осигурување на Македонија заедно со Стоматолошката Комора, Лекарската Комора на Македонија и Здружението на приватни лекари на Македонија изминатиот период работеше на нови поволности за матичните лекари и стоматолозите и како резултат на тоа изготви нови анекси на договорите за 2016 година. Измените се резултат од долготрајната анализа  и дијалог со релевантните субјекти. Новите анекси на договорите се во насока на поддршка на  владината политика за релаксирање на казнената политика и за намалување на договорните казни. Истовремено, Фондот овие измени ги направи со цел максимално да се олесни секојдневното работење на матичните лекари и стоматолози. Ова го направивме имајќи го во предвид дека е суштински важно да се изменат определени одредби во договорот и да се вметне едукативната функција како прва мерка, односно опомена како првична изречена корективна мерка доколку одредена здравствена установа направи одредена повреда на договорот, истакна директорот на ФЗОМ.

Осум договорни…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.