Олеснување на казнената политика за матичните лекари

Осум договорни казни од ¼ капитација се префрлени во опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во следниве случаи:

–          На матичниот лекар му фали една ампула или таа е со истечен рок од задолжителната ампуларна терапија.

–          Доколку матичниот лекар не го извести Фондот за промена на адреса и промена на тимот во рок од 20 дена.

–          Доколку здравствената установа не го почитува работното време.

–          Доколку матичниот лекар заборавил да евидентира датуми на аплицирање на ампуларна терапија или пак пациентот не му се потпишал на рецептот.

–          Доколку матичниот лекар не го чува образецот за избор на пациент во здравствениот картон. На Фондот му е доволно само да постои образецот.

–          Доколку матичниот лекар погрешно пресметал и наплатил партиципација која не надминува 50,00 денари повеќе од дозволеното, во тој случај иако станува збор за незначителни средства, доволно е истите да ги врати на пациентот, откако ќе увиди дека е настаната грешка.

–          Доколку матичниот лекар направи техничка грешка и за лек кој е препорачан од специјалист/субспецијалист, на рецептот го згреши факсимилот (бројот на специјалистот/субспецијалистот).

–          Доколку препише повеќе кутивчиња од лекот од максималната годишна количина, но вредноста не надминува 500,00 денари годишно. Во пракса се случуваше да за хронични пациенти понекогаш се издаваат една до две повеќе рецепти од потребното, а за тоа матичниот лекар беше ставен во неповолна положба помеѓу потребата на пациентот и подзаконскиот акт на Фондот, кој дозволува хронична терапија онолку колку е потребно. Вака ќе биде полесно и за оние пациенти кои од разни причини ја изгубиле својата месечна терапија.

Намаливме три договорни казни, кои наместо 1/2 капитација од фиксниот дел ги намалуваме на 1/4 капитација од фиксен дел.

–          Здравствената установа ќе се казни само доколку погрешно пресметала и наплатила партиципација – 50,00 денари повеќе од дозволеното. Сметаме дека понекогаш се прават грешки, но доколку пациентот се оштети повеќе од 50 денари, само тогаш ќе изрече казна на здравствената установа во висина на ¼ капитација.

–          На здравствената установа ќе и биде изречена казна доколку пропише лекови од максимално дозволените количини, повеќе од 500 денари на годишно ниво. Во пракса, ова значи дека матичниот лекар нема да биде казнет доколку му препише повеќе кутивчиња од лекот од дозволеното, но таа вредност да не надмине 500 денари годишно.

–          Доколку здравствената установа не презела никаква активност за комплетирање на тимот, најчесто се однесува на вработување на медицинска сестра по заминување на постоечката, во рок од 35 дена, во тој случај здравствената установа ќе биде казнета. Напомнуваме дека ова се однесува само за намерно непревземање активност за комплетирање на тимот.

Со новите исмени се бришат две договорни казни.

–           Едната е за упатување на повисоко ниво на здравствена заштита.

Ова го правиме поради тоа што матичните лекари од 2012 година па наваму го апсолвираа начинот на упатување на специјалисти и клиники, а воедно и начинот на упатување е вклучен во националниот сервис за закажување „Мој термин“ и затоа сметаме дека за ова повеќе нема потреба од казни.

–          Втората се однесува на бришење одредба од договор за која матичните лекари долго време не критикуваа, а се однесува на тоа да Фондот може да изрече казна за нешто што не го предвидел. За нешто што навистина после 18 години постоење на договори со здравствените установи, не сме го предвиделе, сметаме дека за такво нешто не треба да биде казнет ниту еден лекар.

Во делот на заштита на пациентите, Фондот во договор со Стоматолошката и Лекарската Комора на Македонија и со ЗПЛРМ воведе нова договорна казна која ќе значи превентивна мерка и заштита од злоупотреба на наплата на пациентите.

За незаконско наплаќање на услуги и натаму следуваат казни

Фондот сепак…